ЗА НАС

МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ доо Битола е друштво за проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и опрема, како и услугите поврзани со нив. Основната дејност на друштвото е производство на челични конструкции.

Таа дејност се испреплетува во дејностите на металопреработувачката индустрија и градежништвото, кои претставуваат едни од најважните гранки во стопанството, во кои со процесот на изработка и преработка се монтираат различни материјали во нови комплексни производи. 

Поради синергиско делување, друштвото кон основната дејност на челичните конструкции додава и комплементарни дејности на кровни и фасадни системи, инженеринг во градежништвото и услуги.
Челичната конструкција изработена во „Монтинг Инженеринг“ ги исполнува највисоките критериуми за квалитет според EN ISO 1090-2 EXC4 и EN ISO 3834-2.
Челичната конструкција производена во „Монтинг Инженеринг” е погодна за извоз на пазарот на Европската Унија, означена со CE знак и со декларација за перформанси.

ВИЗИЈА

Визијата на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ е да станеме водечки партнер на најпребирливите нарачатели на проекти, оригинални и комплексни решенија на подрачјето на челични конструкции. На ова подрачје ќе дејствуваме како понудувач на комплементарни услуги на основната дејност, кое ќе го решиме со целосна понуда за изведување.

МИСИЈА

Мисијата на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ е етаблирање во регионот како препознатлива фирма за метална конструкција и опрема, производи и опрема за енергетските проекти, од проектирање, преку производство, до монтажа со високо стручен тим. Користење напредна технологија и практични искуства, како и водејќи сметка за зачувување на животната средина.

КОНТАКТ МОНТИНГ

Скенирајте го кодот и стапете во контакт со нас: