УСЛУГИ
Основен производ на друштвото претставува челичната конструкција, која е носечки конструктивен елемент или потпорен конструктивен елемент при обликување на објекти, на внатрешноста на згради и при вградување опрема.
- Услуги
- Инженеринг
- Елементи за енергетски објекти
Услугите претставуваат дополнителна програма во состав на основната дејност, каде на партнерите, кооперантите и произведувачите им даваме услуги кои им се потребни при изведување на своите работи, особено на машинството.
Изработката на челични конструкции на индустриски и термоенергетски објекти во сите фази, по системот “клуч на рака”. За остварување на овие активности фирмата располага со стручни и изведувачки тимови од сите области на делување.
Произведуваме елементи за енергетскиот сектор потребни како за редовно одржување и ремонти на термоенергетски постројки и објекти, така и за изградба на нови капацитети и модернизација на постоечките.
- Производство
- Антикорозивна заштита
- Монтажа
- Кровни и фасадни системи
Произведуваме челични конструкции по нарачка, согласно проектната документација на инвеститорот и според спецификацијата на купувачот во поглед на димензии, дизајн, избор на материјал, систем на антикорозивна заштита (пескарење и боење) и останато, каде, може да, е вклучена и услугата на монтажа, сервис и идејно решение по барање на инвеститорот.
Антикорозивната заштита како процес на подготовка на површините (пескарење, премачкување), го изведуваме на линиската пескарна машина и процес на нанесување на антикорозивни слоеви (боја, лак).
Изведуваме еднокомпонентни (алкидни) и двокомпонентни (епокси, полиуретан) заштитни слоеви, како и посложена антикорозивна заштита (на пр. додаток на цинк, алуминиум). Кај посебните барања за пожарна сигурност изведуваме и противпожарна заштита на челичната конструкција.
Изведуваме монтажа на делови и во најсложени услови, каде што успешно се справуваме со многу ограничувања. Монтажните екипи се оспособени и опремени за работа на терен.
Во состав на монтажата извршуваме монтажа на различни кровни и фасадни системи, што е комплементарно со програмата за производство и монтажа на челичните конструкции во градежништвото. Синергискиот ефект од овие дејности е во надградбата на истите, во смисла на целосно решение при изведбата на објекти, кое ја зголемува конкурентската предност на друштвото.
Изработуваме кровни и фасадни системи со:
• изолациски панели (полнети со камена волна), кои се користат кај високо противпожарни услови;
• изолациски панели (полнети со полиуретан или стиропор), кои се користат кај високо топлотно-изолациски услови, каде нема посебни противпожарни барања;
• кровни покриви испрскани против кондензација, кои се користат во случаи каде нема потреба за топлотна изолација и покриеното подрачје е вентилирано;
• плочести кровни покриви, кои се користат за наједноставни кровови без посебни барања;
• составен кров (трапезна носечка плоча, изолација-камена волна, завршен слој од ПВЦ фолија или битумен), кои се користи кај рамни кровови, системот ги исполнува најбараните критериуми.
Во склоп на производството изработуваме и кровно-лимарски работи (олуци, снегодржачи) кои ги вградуваме на објектите.
МОНТИНГ
СЕРТИФИКАТИ
РЕСУРСИ
Производна хала
Главната работилничка површина е хала со димензии 90m х 65m и соседниот простор за пескарење и платформа за одлагање и земјиштето пред неа со вкупна површина од околу 34.000m2, со сопствена трафостаница и котлара за греење. Халата е четири бродна со 10 мостовски кранови со носивост од 5t, 12,5t, 25t и 10t. Работните простории на фирмата технички овозможуваат изработка на производи од сите потребни димензии.
На другата страна од производната хала се наоѓа комората за фарбање и просторот за одлагање на готовите производи.
До производната хала се наоѓа отворен простор за складирање на суровинина на кој е поставен портален кран со носивост од 25t.
На дел од платото за суровини монтирана е пескара за извршување на антикорозивна заштита, што претставува еден од клучните процеси во производството на метална конструкција.
Управната зграда опфаќа 1.200 m2 корисна површина, каде приземјето е резервирано за соблекувални и санитарии за работници.
Опрема
Во производствениот процес се користат:
- ЦНЦ линија за дупчење и сечење на профили
- ЦНЦ плазма сечење
- Гасно сечење
- Линија за пескарење
- Машини за свиткување на профили
- Машини за свиткување на лимови
- Линии за заварување
- Апкант преси
- Машински ножици
- Борверг
- Глодалки
- Машини за дупчење
- Рендисалки
- Стругови
- Хидраулични преси
- Радијална дупчалка
- Апарати за заварување
- Апарати за заварување можданици
- Компресори
- Комора за фарбање
- Вилушкари
- Портален кран 25 t.
- Мостовски кранови 5 - 10 t.
- Автодигалки, камиони и друга опрема