ЗА НАС

МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ доо Битола е друштво за проектирање, призводство и монтажа на челична конструкција и опрема, како и услугите поврзани со нив.
Основната дејност на друштвото е производство на челични конструкции. Таа дејност се испреплетува во дејностите на металопреработувачката индустрија и градежништвото, кои претставуваат едни од најважните гранки во стопанството, во кои со процесот на изработка и преработка се монтираат различни материјали во нови комплексни производи. Поради синергиско делување, друштвото кон основната дејност на челичните конструкции додава и комплементарни дејности на кровни и фасадни системи, инженеринг во градежништвото и услуги.
Челичната конструкција изработена во „Монтинг Инженеринг“ ги исполнува највисоките критериуми за квалитет според EN ISO 1090-2 EXC4 и EN ISO 3834-2. Челичната конструкција производена во „Монтинг Инженеринг” е погодна за извоз на пазарот на Европската Унија, означена со CE знак и со декларација за перформанси.
Цел на друштвото е да стане еден од водечките понудувачи на челични конструкции и опрема за енергетските објекти на подрачјето на регионот, со висок обем на работа и задоволни партнери и купувачи и затоа мора да е отворено за сите облици на соработка со деловните партнери.
Основен показател за успехот на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ е брзиот и траен раст, постојаниот развој и динамичност. Друштвото и покрај брзиот раст се труди да ја сочува флексибилноста и динамичноста, кои се од клучно значење при задоволување на секогаш високите барања на купувачите. Исто така флексибилноста и динамичноста e наша конкурентска предност во развојот.

Мисија

Мисијата на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ е етаблирање во регионот како препознатлива фирма за метална конструкција и опрема, производи и опрема за енергетските проекти, од проектирање, преку производство, до монтажа со високо стручен тим, користејќи напредна технологија и практични искуства, како и водејќи сметка за зачувување на животната средина.

Визија

Визијата на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ е да станеме водечки партнер на најпребирливите нарачатели на проекти, оригинални и комплексни решенија на подрачјето на челични конструкции. На ова подрачје ќе дејствуваме како понудувач на комплементарни услуги на основната дејност, кое ќе го решиме со целосна понуда за изведување.

ДЕЈНОСТИ

Основен производ на друштвото претставува челичната конструкција, која е носечки конструктивен елемент или потпорен конструктивен елемент при обликување на објекти, на внатрешноста на згради и при вградување опрема.
Со чeлична конструкција се изработуваат мостови, спортски објекти (стадиони, спортски сали), индустриски објекти (производни хали, магацини, логистички центри), деловни објекти (бензиски пумпи, продажни салони, сервисни работилници), трговски објекти (супермаркети, продавници), хотелски и спортско - рекреативни комплекси (хотели, игралници, базенски комплекси), гранични премини, јавни и културни објекти, станбени згради, како и елементи за енергетски објекти, машинство и др.

Производство

Произведуваме челични конструкции по нарачка, согласно проектната документација на инвеститорот и според спецификацијата на купувачот во поглед на димензии, дизајн, избор на материјал, систем на антикорозивна заштита (пескарење и боење) и останато, каде, може да, е вклучена и услугата на монтажа, сервис и идејно решение по барање на инвеститорот.

Монтажа

Изведуваме монтажа на делови и во најсложени услови, каде што успешно се справуваме со многу ограничувања. Монтажните екипи се оспособени и опремени за работа на терен.

Антикорозивна заштита

Антикорозивната заштита како процес на подготовка на површините (пескарење, премачкување), го изведуваме на линиската пескарна машина и процес на нанесување на антикорозивни слоеви (боја, лак).
Изведуваме еднокомпонентни (алкидни) и двокомпонентни (епокси, полиуретан) заштитни слоеви, како и посложена антикорозивна заштита (на пр. додаток на цинк, алуминиум). Кај посебните барања за пожарна сигурност изведуваме и противпожарна заштита на челичната конструкција.

Кровни и фасадни системи

Во состав на монтажата извршуваме монтажа на различни кровни и фасадни системи, што е комплементарно со програмата за производство и монтажа на челичните конструкции во градежништвото. Синергискиот ефект од овие дејности е во надградбата на истите, во смисла на целосно решение при изведбата на објекти, кое ја зголемува конкурентската предност на друштвото.
Изработуваме кровни и фасадни системи со:
• изолациски панели (полнети со камена волна), кои се користат кај високо противпожарни услови;
• изолациски панели (полнети со полиуретан или стиропор), кои се користат кај високо топлотно-изолациски услови, каде нема посебни противпожарни барања;
• кровни покриви испрскани против кондензација, кои се користат во случаи каде нема потреба за топлотна изолација и покриеното подрачје е вентилирано;
• плочести кровни покриви, кои се користат за наједноставни кровови без посебни барања;
• составен кров (трапезна носечка плоча, изолација-камена волна, завршен слој од ПВЦ фолија или битумен), кои се користи кај рамни кровови, системот ги исполнува најбараните критериуми.
Во склоп на производството изработуваме и кровно-лимарски работи (олуци, снегодржачи) кои ги вградуваме на објектите.

Елементи за енергетски објекти

Произведуваме елементи за енергетскиот сектор потребни како за редовно одржување и ремонти на термоенергетски постројки и објекти, така и за изградба на нови капацитети и модернизација на постоечките.

Инженеринг

Изработката на челични конструкции на индустриски и термоенергетски објекти во сите фази, по системот “клуч на рака”. За остварување на овие активности фирмата располага со стручни и изведувачки тимови од сите области на делување.

Услуги

Услугите претставуваат дополнителна програма во состав на основната дејност, каде на партнерите, кооперантите и произведувачите им даваме услуги кои им се потребни при изведување на своите работи, особено на машинството.

СЕРТИФИКАТИ

Лиценца А for a contractor of construction of first category

EN 1090-1 EXC4 - Cертификат за изведба на челични конструкции

EN ISO 9001:2015 - Cертификат за управување со квалитет

EN ISO 14732 - Cертификат за оспособеност на оператор за заварување

EN ISO 9606-1 - Cертификат за оспособеност на заварувачи

AD 2000-Markblatt - Соодветно заварување за производство на опрема под притисок

EN ISO 3834-2 - Cертификат за квалитет на заварувачко производсто

Excellent SME Macedonia - Дигитален вебсајт сертификат

РЕСУРСИ

Производна хала

Главната работилничка површина е хала со димензии 90 m х 65 m со површина од 6.000 m2. Халата е четири бродна со 10 мостовски кранови со носивост од 5 t, 12,5 t, 25 t и 10 t. До производната хала се наоѓа простор на кој е монтирана пескара за извршување на антикорозивна заштита, што претставува еден од клучните процеси во производството на металните конструкции, и простор за складирање на суровинина на кој е поставен портален кран со носивост од 25 t со површина од 2.000 m2. На другата страна од производната хала се наоѓа комората за фарбање и просторот за одлагање на готовите производи. Вкупната површина на локацијата е околу 34.000 m2, со сопствена трафостаница и котлара за греење. Работните простории на фирмата технички овозможуваат изработка на производи од сите потребни димензии.

Опрема

Во производствениот процес се користат:

- мостовски кранови 5 - 10 t. - портален кран 25 t. - машини за свиткување
- ЦНЦ плазма сечење - гасно сечење - пила за профили
- линија за пескарење - комора за фарбање - машински ножици
- хидраулични преси - машини за дупчење - радијална дупчалка
- автомат за заварување - линии за заварување - апарати за заварување
- борверг - стругови - глодалки
- рендисалки - агрегати - завојни компресори
- вилушкари - камиони и друга опрема

КОНТАКТ

МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ
Новачки пат 1,
7000 Битола,
Македонија

+389 47 24 10 20

contact@monting.mk
www.monting.mk

Скенирајте го кодот и стапете во контакт со нас:

Профили на социјалните мрежи наскоро!